Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 39:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Од љубичестото, црвеното и темноцрвеното предено направија убаво изработено руво за служба во Светилиштето; направија света облека за Арона, како што Господ му нареди на Мојсеја.

2. Наплеќникот го направија од злато, љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен.

3. Исковаа златни плочки, а потоа ги исекоа на нишки, за да ги испреплетат уметнички во љубичестото, црвеното и темноцрвеното предено и во препредениот лен.

4. За наплеќникот направија прекурамници што беа составени со него на своите два краја;

5. ткаенината што стоеше на него, беше направена од злато, од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен како и тој, и од едно парче со него како што Господ му нареди на Мојсеја.

6. Камењата на ониксот ги опточија со раб од злато. Врз нив беа, како што се режат печатите, врезани имињата на Израелевите синови.

7. Нив ги ставија на прекурамениците на наплеќникот, за да бидат спомен-камења на Израелевите синови, како што Господ му нареди на Мојсеја.

8. И врзградникот го изработија со работата на вештаците како и наплеќникот: од злато, од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен.

9. Врзградникот го направија четириаглест, двоен; беше долг една педа, широк педа, а удвоен.

10. Вметнаа во него четири реда бесцени камења. Првиот ред беше од сард, топаз и смарагд;

11. вториот ред од антракс, сафир и адамант;

12. третиот ред од лигур, ахад и аматист;

13. а четвртиот од кризолит, оникс и јаспис. Сето тоа беше обрабено со злато.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 39