Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 38:24-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Целото злато што беше потрошено во работите за Светилиштето - злато посветено со приноси - изнесуваше: дваесет и девет таланти и седум стотини и триесет сикли, според храмските сикли.

25. А среброто собрано при пребројувањето на заедницата -

26. односно по еден веках на глава, односно половина сикал според храмскиот сикал, од секој што беше запишан, од дваесет години па нагоре - изнесуваше: сто таланти и илјада и седум стотини седумдесет и пет сикли, во храмски сикли. Беа запишани шест стотини и три илјади и пет стотини и педесет.

27. Сто таланти сребро отидоа за леење на подножјата на Светилиштето и за завесата: сто подножја од сто таланти - талант за подножје.

28. А од илјада седум стотини седумдесет и пет сикли направи куки за столбовите, ги опкова нивните врвови и направи поврзувачи за нив.

29. Бронзата принесена како дар изнесуваше седумдесет таланти и две илјади и четири стотини сикли.

30. Од неа направи: подножја за влезот во Шаторот на средбата, бронзен жртвеник, со негова решетка од бронза и сиот прибор на жртвеникот;

31. натаму, подножја околу дворот, подножја за дворниот влез; сите колчиња за Престојувалиштето и сите колчиња околу дворот. Облека на големиот свештеник и на другите свештеници.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 38