Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 36:11-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. На работ на последната од завесите составени во едно, направија петелки од сина волна; истото го направија и на работ на последната завеса на вториот дел;

12. направија педесет петелки на едното парче, а педесет петелки на работ на завесата на вториот дел. Петелките стоеја една спроти друга.

13. Тогаш направија педесет златни куки и ги составија завесите со куките една со друга. Така Шаторот беше како една целина.

14. Потоа за покривање на Шаторот: направија завеси од козина, ги направија единаесет.

15. Должината на секоја завеса беше триесет лакти, а широчината четири лакти. Тие единаесет завеси беа со иста мерка.

16. Составија пет завеси одделно, а шест други одделно.

17. Направија педесет петелки на работ на завесата на едниот дел, а педесет петелки направија на работ на другиот дел.

18. Направија и педесет куки од бронза за да го состават покривот заедно, така што да претставува една целина.

19. Потоа направија покрив за Шаторот од направени црвени овновски кожи, а врз него друг, од јазовечки кожи.

20. Исправените нагоре даски за Шаторот ги изработија од багремово дрво.

21. Должината на секоја даска беше десет лакти, а широчината лакот ипол.

22. Секоја даска имаше два клина еден спроти друг, за да ја држат исправена. Тоа го направија на секоја даска за Шаторот.

23. Даските за Шаторот ги направија вака: дваесет даски за јужната страна;

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 36