Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 36:10-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Пет завеси составија една со друга, а пет други завеси составија пак една со друга.

11. На работ на последната од завесите составени во едно, направија петелки од сина волна; истото го направија и на работ на последната завеса на вториот дел;

12. направија педесет петелки на едното парче, а педесет петелки на работ на завесата на вториот дел. Петелките стоеја една спроти друга.

13. Тогаш направија педесет златни куки и ги составија завесите со куките една со друга. Така Шаторот беше како една целина.

14. Потоа за покривање на Шаторот: направија завеси од козина, ги направија единаесет.

15. Должината на секоја завеса беше триесет лакти, а широчината четири лакти. Тие единаесет завеси беа со иста мерка.

16. Составија пет завеси одделно, а шест други одделно.

17. Направија педесет петелки на работ на завесата на едниот дел, а педесет петелки направија на работ на другиот дел.

18. Направија и педесет куки од бронза за да го состават покривот заедно, така што да претставува една целина.

19. Потоа направија покрив за Шаторот од направени црвени овновски кожи, а врз него друг, од јазовечки кожи.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 36