Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 36:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Затоа Веселеил, Елијав и сите вештаци, кои Господ ги надари со вештина и способност да ги извршат искусно сите работи потребни за Светилиштето, нека ги направат како што Господ заповеда.”

2. Тогаш Мојсеј ги повика Веселеил, Елијав и сите оние што Господ ги надари со вештина; сите кои ги поттикнуваше срцето да се зафатат со работата и да ја извршат.

3. Тие ги презедоа од Мојсеја сите приноси кои ги донесоа Израелците за да се направат работите за изградбата на Светилиштето. Но бидејќи тие и натаму донесуваа приноси утро по утро,

4. сите мајстори, кои го градеа Светилиштето, дојдоа - секој од работата на која работеше -

5. и му рекоа на Мојсеја: „Народот донесува многу повеќе отколку што е потребно за изведување на работата, што Господ ни нареди да ја извршиме.”

6. Затоа Мојсеј издаде повелба што ја разгласија низ логорот: „Повеќе ниеден маж ни жена нека не донесуваат никаков прилог за Светилиштето!” Така го запреа народот, па не донесуваше нови дарови.

7. Што имаа, беше доста за да се сврши целото дело, и уште имаше отповеќе.

8. И така најискусните луѓе меѓу трудбениците го направија Шаторот. Го направија од десет завеси од преден лен и од љубичесто, црвено и темноцрвено предено. Ликови на херувими беа извезани врз нив.

9. Должината на секоја завеса изнесуваше дваесет и осум лакти, а широчината на секоја завеса четири лакти. Сите завеси беа со иста мерка.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 36