Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 35:3-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Во саботен ден не палете ни оган во своето престојувалиште.”

4. Натаму Мојсеј и рече на целата израелска заедница: „Господ го нареди ова:

5. Соберете меѓу себе принос за Господа! Секој со племенито срце нека Му донесе принос на Господа: злато, сребро и бронза;

6. љубичесто, црвено и темноцрвено предено и препреден лен;

7. направени овенски кожи, потоа јазовечки кожи, багремово дрво,

8. масло за осветление, мириси за масло за помазание и благомирислив темјан;

9. оникс и други бесцени камења за вметнување во наплеќникот и врзградникот.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 35