3. Во саботен ден не палете ни оган во своето престојувалиште.”
4. Натаму Мојсеј и рече на целата израелска заедница: „Господ го нареди ова:
5. Соберете меѓу себе принос за Господа! Секој со племенито срце нека Му донесе принос на Господа: злато, сребро и бронза;
6. љубичесто, црвено и темноцрвено предено и препреден лен;
7. направени овенски кожи, потоа јазовечки кожи, багремово дрво,
8. масло за осветление, мириси за масло за помазание и благомирислив темјан;
9. оникс и други бесцени камења за вметнување во наплеќникот и врзградникот.
10. А сите кои се вешти меѓу вас, нека дојдат да прават што нареди Господ:
11. Шаторот, неговиот покрив, и неговиот горен покрив, неговите куки и даски, неговите лостови и столпчиња; неговите подножја;
12. неговиот Ковчег и ластегарките; Очистилиштето, па завесата за засолнување;
13. столот со неговите ластегарки и со сите негови прибори; принесените лебови;
14. светилник за осветлување, неговиот прибор и неговите светилки, потоа масло за осветление;