28. па мириси и масло за осветление, миро за помазание и благомирислив темјан.
29. И така Израелците - сите мажи и сите жени, кои ги поттикнуваше срцето да придонесат што и да е за работата што Господ ја нареди преку Мојсеја да биде извршена - го донесоа тоа како доброволен принос во чест на Господа.
30. Потоа Мојсеј им рече на Израелците: „Гледате! Господ го назначи по име Веселеила, Уриевиот син, од Оровото колено, а од Јудиното племе.
31. Го исполни него со Божји Дух, мудрост, му даде разум и секаква вештина:
32. да замислува нацрти и да извршува работи од злато, сребро и бронза;
33. да реже бесцени камења за вметнување; да копаничи во дрво и да ја работи искусно својата работа.
34. Нему и на Елијав, Ахисамаховиот син, од Дановото племе, им додели и способност да ги поучуваат другите.
35. Ги надари со умеење во секоја работа: копаничарска, шивачка, везачка и ткаачка; тие ткаеја ткаенини од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен, способни сè во секоја работа и вешти во уметнички изработки.”