Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 35:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Мојсеј ја свика целата заедница на Израелевите синови па им рече: „Господ ви наложи да го правите ова:

2. Работата нека се извршува шест дена. Седмиот ден нека ви биде свет ден, ден за целосна починка во чест на Господа. Секој што ќе работи во тој ден, нека биде казнет со смрт.

3. Во саботен ден не палете ни оган во своето престојувалиште.”

4. Натаму Мојсеј и рече на целата израелска заедница: „Господ го нареди ова:

5. Соберете меѓу себе принос за Господа! Секој со племенито срце нека Му донесе принос на Господа: злато, сребро и бронза;

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 35