Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 34:27-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. „Запиши ги овие зборови - му рече Господ на Мојсеја - зашто тие се основи врз кои склучив Завет со тебе и со Израел.”

28. Мојсеј остана таму со Господа четириесет денови и четириесет ноќи. Ниту јадеше леб ниту пиеше вода. Тогаш ги напиша врз плочите зборовите на Заветот - Десетте заповеди.

29. Најпосле Мојсеј слезе од Синајската Гора. Слегувајќи од гората ги носеше во рацете плочите на Сведоштвото. Не знаеше дека од неговото лице, заради разговорот со Господа, блескаше светлина.

30. Кога Арон и сите Израелци видоа дека од Мојсеевото лице блеска светлина, не се осмелија да пристапат кон него.

31. Тогаш Мојсеј ги повика. Арон и сите старешини на заедницата дојдоа при него. И Мојсеј разговараше со нив.

32. Потоа и сите Израелци дојдоа при него, па тој им соопшти сè што му наложи Господ на Синајската Гора.

33. Кога Мојсеј го заврши разговорот со нив, спушти превез преку своето лице.

34. Кога влегуваше Мојсеј пред Господа, за да разговара со Него, го симнуваше превезот додека не излезеше пак. Кога излегуваше да им каже на Израелците што му е наредено,

35. Израелците гледаа како од Мојсеевото лице блеска светлина. Тогаш Мојсеј го навлекуваше пак превезот преку лицето додека не влезеше да говори со Господа.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 34