Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 33:13-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Затоа, ако ја уживам Твојата благонаклонетост, покажи ми ги Своите патишта, за да Те сфатам и за да ја уживам и натаму Твојата благонаклоност. Исто така, помисли дека овие луѓе се Твој народ.”

14. „Јас лично ќе тргнам со тебе - одговори Господ - и ќе ти обезбедам одмор.”

15. „Ако не тргнеш Ти - додаде Мојсеј - и не изведувај нè оттука.

16. Па како ќе се знае дека ја уживаме Твојата наклоност, јас и Твојот народ? По тоа што идеш со нас. Само со тоа ќе се разликуваме јас и Твојот народ меѓу сите народи што се на лицето на земјата.”

17. „И ова што го побара, ќе направам - му одговори Господ на Мојсеја. - Па ти ја уживаш Мојата благонаклоност, зашто те познавам по име.”

18. „Покажи ми ја Својата слава,” замоли Мојсеј.

19. „Ќе дозволам пред тебе да помине сиот Мој болскот - одговори - и пред тебе ќе го изустам Своето име Господ. Ќе бидам милостив кому што сакам да бидам милостив; ќе му се смилувам кому што сакам да му се смилувам.

20. А ти - додаде - не можеш да го видиш Моето лице, зашто човек не може да Ме види Мене и да остане жив.

21. Еве место тука покрај Мене - продолжи Господ. Застани на карпата!

22. Додека поминува Мојата слава, ќе те ставам во пукнатината на карпата и ќе те заштитам со Својата рака додека не поминам.

23. Тогаш ќе ја помрднам Својата рака, па ќе Ме видиш од плеќи. Но Моето лице не може да се види.”

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 33