Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 32:32-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. Сепак прости им го гревот. Ако не сакаш, тогаш избриши ме и мене од Својата книга, која ја напиша.”

33. Тогаш Господ му одговори на Мојсеја: „Оној кој згрешил против Мене, ќе го избришам од Мојата книга.

34. Туку, сега оди! Поведи го народот каде што ти реков. Мојот ангел ќе врви пред тебе. Но во денот кога ќе ги посетам, ќе ги казнам заради нивниот грев.”

35. Господ удри со помор на народот заради телето што им го направи Арон.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 32