Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 32:19-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Штом се приближи до логорот па го забележа телето и како играат, Мојсеј се разгневи. Ги фрли од рацете плочите и ги скрши во подножјето на планината.

20. Го грабна телето, што го беа направиле, го изгоре во оган и иситни во прав. Тогаш го расфрла правот по водата и ги натера Израелците да ја пијат.

21. „Што ти направи овој народ - му рече Мојсеј на Арона - па им навлече толку голем грев?”

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 32