3. Го наполнив со Божји Дух, кој му даде умеење, разбирање и способност за секакви работи:
4. да измислува нацрти за работи од злато, сребро и бронза;
5. за режење на бесцени камења, за вметнување, за копаничарство во дрво и за секакви работи.
6. Уште го определив Елијав, Ахисамаховиот син од Дановото племе; ги надарив со вештина сите способни луѓе, за да можат да направат сè што ти наредив:
7. Шаторот на средбата, Ковчегот на Сведоштвото, врз него Очистилиштето и сиот намештај на Шаторот;
8. столот и сиот негов прибор, чистиот светилник со сиот негов прибор;
9. кадилниот жртвеник, жртвеникот за жртви паленици и неговиот прибор, потоа мијалникот и неговото подножје;
10. облеки за службата, посветените облеки за свештеникот Арон и облеките за неговите синови, за нивната свештеничка служба;
11. па миро за помазание и благомирислив темјан за Светилиштето. Нека направат сè како што ти наредив.”