Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 31:2-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. „Гледај, Јас го повикав по име Веселеила, Уриевиот син, од Оровото колено, од Јудиното племе.

3. Го наполнив со Божји Дух, кој му даде умеење, разбирање и способност за секакви работи:

4. да измислува нацрти за работи од злато, сребро и бронза;

5. за режење на бесцени камења, за вметнување, за копаничарство во дрво и за секакви работи.

6. Уште го определив Елијав, Ахисамаховиот син од Дановото племе; ги надарив со вештина сите способни луѓе, за да можат да направат сè што ти наредив:

7. Шаторот на средбата, Ковчегот на Сведоштвото, врз него Очистилиштето и сиот намештај на Шаторот;

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 31