Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 31:12-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Пак Господ му рече на Мојсеја:

13. „Речи им на Израелците: ‘Моите саботи треба да ги пазите, зашто саботата е знак меѓу Мене и вас од поколение до поколение, за да бидете свесни дека Јас, Господ, ве посветувам.

14. И така, држете ја саботата, зашто е таа света за вас. Кој ќе ја онечисти, нека биде погубен; кој ќе работи во неа каква и да е работа, нека биде отстранет од својот народ.

15. Шест дена нека се вршат работите, ама седмиот ден нека биде ден на целосен одмор, посветен на Господа. Кој ќе обавува некаква работа во саботен ден, нека биде погубен.

16. Затоа Израелците нека ја пазат саботата - празнувајќи ја од поколение до поколение - како вечен завет.

17. Таа нека е знак, засекогаш, меѓу Мене и Израелците. Па Господ за шест дни ги создаде небото и земјата, а на седмиот ден прекрати да работи и се одмори.’”

18. Кога Господ го сврши својот разговор со Мојсеја на Синајската Гора, му даде две плочи на Сведоштвото, камени плочи, напишани со Божјиот прст.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 31