Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 30:25-38 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Направи од тоа посветено масло за помазание; маст приготвена според искуството на мироварач. Тоа нека биде миро за помазание.

26. Потоа помажи го со тоа: Шаторот на средбата и Ковчегот на Сведоштвото,

27. столот и сиот негов прибор; светилникот и сиот негов прибор, и кадилниот жртвеник;

28. жртвеникот за жртви паленици и сиот негов прибор; мијалникот и неговата потпирка:

29. посвети ги, и тие така ќе станат посветени, и што и да се допре до нив, ќе стане посветено.

30. Помажи ги Арона и неговите синови и посвети Ми ги Мене за свештеници.

31. Тогаш речи им на Израелците вака: ‘Ова е Мое свето миро за помазание од поколение до поколение.

32. Не смее да се излева врз телото на обичниот човек; не смеете да правите друго со ваков состав! Тоа е посветено, и нека ви биде свето!

33. Кој направи такво, или кој ќе стави од него врз туѓинец, нека биде отстранет од својот народ!’”

34. Уште му рече Господ на Мојсеја: „Набави мириси: стакта, оникс и халван. Од овие мириси и од чист темјан,

35. сè во еднакви делови, направи темјан за кадење, смеса од мириси каква што прави мирисоправачот, измиена, чиста, света.

36. Од тоа столчи малку на ситно во прав и еден дел стави пред Сведоштвото, во Шаторот на средбата, каде што Јас ќе се среќавам со тебе. Сметајте го овој темјан за пресвет!

37. А темјанот што ќе го направиш според овој состав, не смеете да го правите за своја употреба. Тоа нека ти биде светина за Господа!

38. Кој ќе си направи нешто такво за да му мириса, нека биде истребен од својот народ.”

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 30