Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 30:22-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Уште му рече Господ на Мојсеја:

23. „Набави најубави мириси: пет стотини сикали најчиста смирна, половина од таа тежина - двеста и педесет - мирислив цимет, двеста и педесет мирислива трска,

24. пет стотини - според храмскиот сикал - ловор и еден ин маслиново масло.

25. Направи од тоа посветено масло за помазание; маст приготвена според искуството на мироварач. Тоа нека биде миро за помазание.

26. Потоа помажи го со тоа: Шаторот на средбата и Ковчегот на Сведоштвото,

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 30