Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 3:16-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Оди, собери ги старешините на Израелците и речи им: ‘Господ, Бог на татковците - Бог Авраамов, Исаков и Јаковов - ми се јави и ми рече: „Ве посетив и разбрав што ви прават во Египет.

17. Одлучив да ве изведам од египетската беда во земјата на Ханаанците, Хетејците, Аморејците, Ферезејците, Евејците и Евусејците - во земјата во која течат мед и млеко!”‘

18. Тие ќе те послушаат. Тогаш тргни со старешините на Израелците кон египетскиот цар и речи му: ‘Ни се јави Господ, Бог на Евреите. Пушти нè да одиме три дни одење во пустината, да Му принесеме таму жртва на Господ, на својот Бог.’

19. Јас знам дека египетскиот цар нема да ве пушти, ако не биде натеран од силна рака.

20. Затоа Јас ќе ја испружам Својата Рака и ќе го притиснам Египет со секакви чудеса, што ќе ги направам во него. После ќе ве пушти.

21. Египетците се расположени добро кон овој народ, па кога ќе тргнете, нема да тргнете со празни раце.

22. Нека секоја жена побара од својата сосетка и состанарка во својата куќа сребрен и златен накит, и облеки. Ставете го тоа на своите синови и ќерки. Така ќе ги ограбите Египетците.”

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 3