Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 29:9-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. препаши ги со појасите Арона и неговите синови и завиткај им ги капите. Свештенството нека им припаѓа според вечна одредба. Така посвети ги Арона и неговите синови!”

10. „Потоа доведи јунец пред Шаторот на средбата, па Арон и неговите синови нека положат раце врз главата на јунецот.

11. Тогаш пред Господа, на влезот во Шаторот на средбата, заколи го јунецот.

12. Земи ја крвта на јунецот и со твојот прст намачкај ги роговите на жртвеникот. Остатокот од крвта истури ја во подножјето на жртвеникот.

13. Земи го сето мрсно околу дробот, мрежичката на црниот дроб и двата бубрега со мрсното околу нив, па изгори ги на жртвеникот.

14. Месото од јунецот, неговата кожа и неговата нечистотија изгори ги во оган надвор од логорот. Тоа е жртва покајница за грев.”

15. „Потоа земи еден овен, па Арон и неговите синови нека ги положат своите раце врз неговата глава.

16. И заколи го овенот, собери му ја крвта и попрскај го со неа жртвеникот од сите страни.

17. Потоа насечи го овенот на делови, измиј му ја внатрешноста и нозете и положи ги врз неговите други делови и врз главата.

18. И тогаш изгори го целиот овен на жртвеникот. Тоа е жртва паленица во чест на Господа, пријатен мирис, огнена жртва.”

19. „Тогаш земи го вториот овен, па Арон и неговите синови нека ги положат своите раце на главата на овенот.

20. Сега заколи го овенот; собери му ја крвта и намачкај ги: месестиот дел на десното Ароново уво, месестиот дел на увото на неговите синови, палецот на нивната десна рака па палецот на нивната десна нога. Со остатокот од крвта плисни го жртвеникот наоколу.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 29