Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 28:14-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. и две веришки од чисто злато. Направи ги како засукани врвци и тогаш засуканите веришки прицврсти ги за рамките.”

15. „Изработи го уметнички врзградникот за судење: направи го тоа како и работата на наплеќникот: од злато, од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен.

16. Нека биде четвртест и двоен: должината нека му е една педа, а и широчината педа.

17. На него нареди четири редови бесценети камења. Во првиот ред нека бидат: сард, топаз и смарагд;

18. во вториот ред: антракс, сафир и адамант;

19. во третиот ред: лигириј, агат и аметист;

20. а во четвртиот ред: хрисолит, оникс и јаспис. Нека бидат вковани во златни рамки.

21. Нека бидат дванаесет тие бесценети камења колку и имињата на Израелевите синови. Нека бидат врежани како и печатите врз прстењата, секој со името на едно од дванаесетте племиња.

22. Направи за врзградникот веришки од чисто злато, засукани како врвци.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 28