Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 28:10-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. шест нивни имиња на еден камен, а другите шест имиња на другиот камен, според нивното раѓање.

11. Како што копаничарот на скапоцениот камен ги врежува печатите врз прстените, така и ти врежи ги имињата на Израелевите синови. Околу нив навези златен раб,

12. па прицврсти ги двата бесценети камења за прерамките на наплеќникот, за да бидат спомен скапоцени камења на Израелевите синови. Така, Арон нека ги носи нивните имиња на своите две рамени пред Господа, за да си спомнува за нив.

13. Направи златни рамки

14. и две веришки од чисто злато. Направи ги како засукани врвци и тогаш засуканите веришки прицврсти ги за рамките.”

15. „Изработи го уметнички врзградникот за судење: направи го тоа како и работата на наплеќникот: од злато, од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен.

16. Нека биде четвртест и двоен: должината нека му е една педа, а и широчината педа.

17. На него нареди четири редови бесценети камења. Во првиот ред нека бидат: сард, топаз и смарагд;

18. во вториот ред: антракс, сафир и адамант;

19. во третиот ред: лигириј, агат и аметист;

20. а во четвртиот ред: хрисолит, оникс и јаспис. Нека бидат вковани во златни рамки.

21. Нека бидат дванаесет тие бесценети камења колку и имињата на Израелевите синови. Нека бидат врежани како и печатите врз прстењата, секој со името на едно од дванаесетте племиња.

22. Направи за врзградникот веришки од чисто злато, засукани како врвци.

23. Потоа направи за врзградникот две колца од злато и прицврсти ги за двата горни агла на врзградникот.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 28