Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 27:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Направи жртвеник од багремово дрво, долг пет лакти, широк пет лакти - вистински четвртест - и висок три лакти.

2. Направи рогови на неговите четири агли. Роговите нека му бидат од едно парче со него. И опкови ги со бронза.

3. Натаму, направи за жртвеникот садови за собирање на отпадоците: лопатки, грнчиња, вилушки и кадилници. Сите прибори за жртвеникот направи ги од бронза.

4. Потоа направи за него решетка од бронза, во облик на мрежичка, а на четирите агли на мрежичката направи четири колца од бронза.

5. И стави ја под издаденоста на жртвеникот, така да зафаќа до средината на жртвеникот.

6. Потоа направи ластегарка за жртвеникот, ластегарки од багремово дрво, па ги опкови со бронза.

7. Нека ластегарките бидат провлечени низ колцата, така што ќе дојдат на двете страни на жртвеникот, кога ќе се носи.

8. Направи го шуплив, од даски: како што ти е покажано на гората, така нека е и направен.”

9. „Направи му и двор на Шаторот. На јужната страна направи завеси од препреден лен, сто лакти во должина од таа страна.

10. Нивните дваесет столбови нека стојат на дваесет подножја од бронза, и нека имаат куки и поврзувачи од сребро.

11. Исто така направи завеси за северната страна долги сто лакти. Нивните дваесет столбови и дваесет подножја од бронза, но куките и поврзувачите нека се од сребро.

12. На широчината на дворот од западната страна ќе и требаат завеси долги педесет лакти, со десет столбови и десет подножја.

13. Широчината на дворот кон источната страна нека биде педесет лакти.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 27