Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 25:7-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. оникс и други бесцени камења, што ќе бидат вметнати во наплеќникот и врзградникот.

8. Нека Ми изградат Светилиште, за да можам да престојувам меѓу нив.

9. При градењето на Престојувалиштето и на сè во него, постапи точно според образецот што ќе ти го покажам.”

10. „Нека направат ковчег од багремово дрво: долг два ипол лакти, широк лакот ипол и висок лакот ипол.

11. Опкови го со чисто злато, опкови го однадвор и внатре; а околу него стави завршен појас од злато.

12. Излеј за него четири златни колца од едната страна, а две колца од другата.

13. Направи и две ластегарки од багремово дрво и опкови ги со злато.

14. Потоа провни ги ластегарките низ колцата од страната на Ковчегот, за да биде носен Ковчегот врз нив.

15. Нека останат ластегарките во колцата на Ковчегот; нека не се извлекуваат.

16. Сведоштвото што ќе ти го дадам, положи го во Ковчегот.

17. Очистилиштето направи го исто така од чисто злато. Нека биде долго два ипол лакти, а широко лакот ипол.

18. Искови и два херувима од злато за двата краја на Очистилиштето.

19. Направи еден херувим за едниот крај, а другиот херувим за другиот крај. Прицврсти ги на двата краја на Очистилиштето, да составуваат еден дел со него.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 25