Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 25:20-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Херувимите нека ги рашират своите крилја во височина така што ќе го засолнуваат со крилјата Очистилиштето. Нека бидат со лицето свртени еден кон друг, ама така да лицата на херувимите гледаат во Очистилиштето.

21. Очистилиштето стави го на Ковчегот, а во Ковчегот положи ги плочите на Сведоштвото што ќе ти ги дадам.

22. Тука ќе се состанувам Јас со тебе и одозгора, од над Очистилиштето - меѓу оние два херувима што се на Ковчегот на плочите на Сведоштвото - ќе ти ги соопштувам сите заповеди наменети на Израелците.”

23. „Направи стол од багремово дрво долг два лакта, широк лакот, а висок лакот ипол.

24. Опкови го со чисто злато и направи му наоколу завршен појас од злато.

25. Направи му раб широк една дланка, а потоа врз работ стави завршен појас од злато.

26. Натаму, исправи ги неговите четири колца од злато па прицврсти му ги на неговите четири ножни агли.

27. Колцата нека се непосредно под работ, за да служат како рачки за носење на столот.

28. Направи ги ластегарките од багремово дрво и опкови ги со злато. Столот ќе биде носен на нив.

29. Потоа направи за него: чинии, варилки, врчви и чаши за излевање на приносите. Направи ги од чисто злато.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 25