Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 23:8-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Не примај поткуп, зашто поткупот ги заслепува и оние кои гледаат најјасно и го упропастува правото на праведникот.

9. Не угнетувај го придојдениот! Па знаете како му е на придојденикот, и самите бевте придојденци во Египетската Земја.”

10. „Шест години сеј ја својата земја и собирај ги нејзините плодови,

11. а на седмата година остави ја да почива необработена. Нека се хранат од неа бедните на твојот народ, а што ќе и остане нејзе, нека го изедат полските животни. Работи така и со своето лозје и со својата маслинова градина.

12. Шест дена врши ја својата работа, ама на седмиот ден откажи се од своите работи, за да ти се одморат волот и ослето и за да здивнат синот на твојата слугинка и придојденикот.

13. Внимавајте на сè што ви реков. Не спомнувајте имиња на други богови. Тоа нека и не се чуе од твојата уста.”

14. „Трипати годишно одржувај свеченост во Моја чест.

15. Слави го Празникот на бесквасниот леб. Во одредено време во месецот Авив - зашто во него излезе од Египет - седум дена јади бесквасен леб, како што ти наредив. Нека никој не истапува пред Мене со празни раце!

16. Потоа слави го Празникот на жетвата - на првините што ги донесуваат полињата, кои ги засејуваш. Потоа Празникот на бербата на крајот на годината, кога ги прибираш од полето плодовите на својот труд.

17. Трипати годишно сите твои машки нека стапат пред Господа.

18. Крвта на жртвата, што ја жртвуваш во Моја чест, не ја принесувај со стасан леб; не ја оставај за утреден масата од жртвата принесена во Моја чест.

19. Донесувај во домот на Господа, својот Бог, најдобри првини од својата земја. Не вари го јарето во млекото на неговата мајка.”

20. „Еве, го испраќам Својот ангел пред тебе, да те чува патем и да те доведе во местото што ти го приготвив.

21. Почитувај го и слушај го! Не буни се против него, зашто нема да ви ги опростува прекршоците: па Моето име е во него.

22. Ако му се покоруваш верно и ако вршиш сè што Сум наредил, Јас ќе им бидам непријател на твоите непријатели и противник на твоите противници.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 23