Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 22:6-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Кој запали оган па тој ги зафати трњето и изгори житото во снопје, во класот или на нивата, оној што го запали огнот треба да ја надомести штетата.

7. Кога некој ќе остави кај познат пари или работи на чување, па бидат украдени од неговата куќа, ако крадецот биде најден, треба да плати двојно.

8. Ако крадецот не биде најден, сопственикот на куќата нека се изведе пред судиите, за да се докаже како тој не ги спуштил своите раце врз имотот на својот ближен.

9. За секој прекршок на проневера - без оглед дали се работи за говедо, осле, ситен добиток, облека, или за која и да е изгубена работа за која се тврди: тоа е она! - спорот треба да биде изнесен пред судиите. Оној кого судиите ќе го прогласат за виновен нека му плати на другиот двојно.

10. Кога некој ќе довери на својот сосед: говедо, глава добиток, или какво и да е животинче, па тоа пцовиса, или се рани или некој го одвел, а да нема сведок,

11. заклетвата пред Господа нека одлучи меѓу двајцата дали чуварот посегна или не по имотот на својот ближен. Тоа нека му е достатно на сопственикот, а чуварот не е должен да надоместува.

12. Ако се најде дека тој го украл, треба да ја надомести штетата.

13. Ако ѕвер го раскина, нека го донесе за доказ, така што нема да даде оштета за раскинатото.

14. Кога некој позајми од својот сосед добиче на услуга, па тоа се рани или пцовиса додека сопственикот не беше со него, нека плати оштета.

15. Ако сопственикот беше со него, не му дава оштета; ама ако беше позајмено за орање, нека дојде по својата надница.”

16. „Ако некој заведе девојка, која не е свршена, и легне со неа, нека даде за неа откуп за женачка и нека ја земе за жена.

17. Ако нејзиниот татко одбие да му ја даде, заведникот треба да измери сребро во вредност на откупот за женење за девојката.”

18. „Не дозволувај да живее вражалка!

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 22