Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 22:26-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Ако му ја земеш на својот сосед наметката во залог, треба да му ја вратиш пред зајдисонце.

27. Па тоа му е единствената покривка, со која го завиткува своето тело и во која може да легне. Ако извика кон Мене, ќе го послушам, зашто Јас Сум милостив.

28. Не хули го судијата и не пцуј го старешината на својот народ.

29. Не се двоуми со приносите од своето изобилство од гумното и од својот леб! Дај Ми го Мене првенецот од своите синови.

30. Исто направи со своите говеда и со ситниот добиток: нека остане со својата мајка седум денови, а на осмиот ден да Ми го дадеш Мене!

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 22