Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 21:6-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. тогаш неговиот господар нека го доведе при судиите. Кога ќе го доведе до вратата или до столбот на вратата, господарот нека му го дупне увото со шило и нека му остане трајно во служба.

7. Кога човек ќе ја продаде ќерка си за робинка, таа нека не се ослободува како и машките робови.

8. Ако не му се допадне на својот господар, кој ја одредил за себеси, нека ја остави да се откупи. Нема право да ја продаде на странци, кога не и бил верен.

9. А ако ја одреди за својот син, нека постапува со неа како и со ќерка.

10. Ако се ожени со друга, не смее на првата да и ги крати: храната, облеката или нејзините брачни права.

11. Ако не и ги прави овие три работи, нека е слободна и нека отиде без откупнина.”

12. „Кој ќе удри човек па го усмрти, нека биде казнет со смрт.

13. Ама ако го направил тоа ненамерно, туку Бог пуштил да падне во неговата рака, ќе ти одредам место каде може да побегне.

14. Кој намерно ќе се нафрли врз својот ближен и го убие подмолно, одвлечи го и од мојот жртвеник, за да биде погубен.

15. Кој ќе ги удри својот татко или својата мајка, нека биде казнет со смрт.

16. Кој ќе грабне човек - било за да го продаде, било за да го задржи во своја власт - нека биде казнет со смрт.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 21