Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 21:30-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

30. Ако на сопственикот му биде одредена откупна цена, за да го откупи својот живот, нека плати колку ќе му се одреди.

31. Ако волот убоде дете или девојче нека се постапи со него исто според ова правило.

32. Ако боцне роб или робинка, нека сопственикот им исплати на нивниот господар триесет сребрени сикли, а добичето нека биде каменувано.

33. Ако некој остави отворена јама, или некој ископа кладенец и не го покрие, па во него падне добиче или осле, сопственикот на кладенецот ќе даде надомест:

34. нека му исплати на сопственикот со сребро, а пцовисаното животно нека му припадне нему.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 21