Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 21:17-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Кој ќе ги проколне татка си или мајка си нека биде погубен.”

18. „Ако се степаат луѓе, па еден од нив го удри другиот со камен или со рака, ама овој не загине, туку падне во постела,

19. но после стане и може да излегува, макар и со стап, тогаш нека му биде простено на оној кој го удрил, само нека му го плати неговиот губиток на времето и му прибави целосно исцелување.

20. Ако некој го удри со стап својот роб или својата робинка па умре под неговата рака, треба да ја поднесе одмаздата.

21. Но ако робот преживее ден-два, нека не се спроведува одмаздата, зашто робот е негова сопственост.

22. Ако се степаат луѓе и удрат трудна жена, па таа пометне, но нема друга штета, тогаш оној кој ја удрил нека ја плати оштетата што ќе ја побара нејзиниот маж. Тој нека плати како што ќе одредат судиите.

23. Има ли друго зло, казната нека биде: живот за живот,

24. око за око, заб за заб, рака за рака, нога за нога,

25. изгореница за изгореница, рана за рана, синило за синило.

26. Ако некој ги удри својот роб или својата робинка во око и го упропасти, нека го ослободат заради окото.

27. Ако му избие заб на својот роб - или на својата робинка - нека го ослободи заради забот.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 21