Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 21:10-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Ако се ожени со друга, не смее на првата да и ги крати: храната, облеката или нејзините брачни права.

11. Ако не и ги прави овие три работи, нека е слободна и нека отиде без откупнина.”

12. „Кој ќе удри човек па го усмрти, нека биде казнет со смрт.

13. Ама ако го направил тоа ненамерно, туку Бог пуштил да падне во неговата рака, ќе ти одредам место каде може да побегне.

14. Кој намерно ќе се нафрли врз својот ближен и го убие подмолно, одвлечи го и од мојот жртвеник, за да биде погубен.

15. Кој ќе ги удри својот татко или својата мајка, нека биде казнет со смрт.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 21