Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 21:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Ова се прописите што треба да им ги изложиш:

2. Ако купиш еден Евреин за роб, нека служи шест години. На седмата година нека замине, без откупнина, слободен.

3. Ако дојде сам, сам и нека си замине; ако е женет, со него нека отиде и неговата жена.

4. Ако господарот му набавил жена, па таа му роди било синови било ќерки, и жената и нејзините деца нека му припаднат на нејзиниот господар, а тој нека си отиде сам.

5. Ама ако робот изјави отворено: ‘Ги љубам својот господар, својата жена и своите деца, не сакам да бидам слободен,’

6. тогаш неговиот господар нека го доведе при судиите. Кога ќе го доведе до вратата или до столбот на вратата, господарот нека му го дупне увото со шило и нека му остане трајно во служба.

7. Кога човек ќе ја продаде ќерка си за робинка, таа нека не се ослободува како и машките робови.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 21