Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 20:2-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. „Јас Сум Господ, твој Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од куќата на ропството.

3. Не ќе имаш никакви други богови покрај Мене.

4. Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја.

5. Не ќе им се поклонуваш ниту ќе им служиш, зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ја посетувам неправдата на татковците - на оние кои Ме мразат - на децата до третото и четвртото поколение,

6. а покажувам милости на илјадници, кои Ме љубат и ги пазат Моите заповеди.

7. Не ќе го изговараш напразно името на Господа, твојот Бог, зашто Господ не ќе го остави неказнет оној кој го зема напразно Неговото име.

8. Помни го саботниот ден, за да го осветуваш.

9. Шест дена ќе работиш и ќе ги вршиш сите свои работи.

10. А седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог. Тогаш никаква работа не ќе работиш: ни ти, ниту твојот син, ниту твојата ќерка, ни твојот слуга, ниту твојата слугинка, ниту твојот добиток, ниту странецот што е внатре во твоите порти.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 20