Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 19:10-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. „Тргни кон народот - му рече Господ на Мојсеја - и посветувај го денес и утре. Нека ја испере својата облека;

11. нека биде готов задутре, зашто задутре Господ ќе слезе на гората Синај, пред очите на целиот народ.

12. Постави наоколу граници за народот и дај наредба: ‘Внимавајте да не се искачувате на ридот; да не се допрете ни до подножјето! Секој што ќе се допре до ридот, ќе го најде смрт.

13. Ничија рака да не се допре до него, туку нека биде затрупан со камења или застрелан со стрела: било да е човек или животно, нека не остане во живот.’ Нека се искачуваат на ридот при отегнатиот звук на трубата.”

14. Мојсеј слезе од брдото кон народот и почна да го посветува народот. Тие ја испраа својата облека.

15. „Бидете готови за задутре! - му рече Мојсеј на народот. Не приближувајте се до жена!”

16. А на третиот ден, при разденување, зататни грмеж, засветкаа молњи, а густ облак се наднесе над ридот. Грмливо екна трубата, се стресе целиот народ што беше во логорот.

17. Мојсеј го поведе народот од логорот во пресрет на Бога. Застанаа при подножјето на ридот.

18. Планината Синај беше завиткана во дим, зашто Господ слезе на неа во оган. Се креваше дим како дим од печка. Целата планина се тресеше силно.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 19