Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 19:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Три месеци по излезот од Египетската Земја, на истиот ден, Израелците стигнаа во Синајската Пустина.

2. Идејќи од Рафидин, дојдоа во Синајската Пустина и се влогорија во пустината. Израелците го поставнја логорот тука пред гората,

3. а Мојсеј се искачи кон Господа. Господ го повика од планината и му рече: „Кажи му вака на Јакововиот дом, разгласи им на Израелевите деца:

4. ‘Вие видовте што им направив на Египетците; како ве носев на орелски крилја и ве доведов при Себе.

5. Затоа, ако Ми се покорувате верно и го држите Мојот Завет, вие ќе Ми бидете посебна сопственост, покрај сите народи - па Мој е целиот свет! -

6. вие ќе Ми бидете царство, свештеници, свет народ.’ Кажи им ги тие зборови на Израелците.”

7. Мојсеј се врати и ги свика народните старешини па им изложи сè што му нареди Господ.

8. А целиот народ одговори едногласно: „Ќе правиме сè што нареди Господ.” Тогаш Мојсеј Му го пренесе на Господа одговорот на народот.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 19