Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 18:9-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Јотор се радуваше за сето добро што Господ им го направи на Израелците и дека ги ослободи од египетските раце.

10. „Нека е благословен Господ, Кој ве избави од египетските раце и од фараоновите раце - рече Јотор.

11. Сега знам дека Господ е изнад сите богови, зошто го избави народот од под египетската власт, кога постапуваа жестоко со него.”

12. Потоа Јотор, Мојсеевиот дедо, Му принесе жртва паленица и принос на Бога. Тогаш дојдоа Арон и сите израелски старешини да јадат леб на гозба пред Господа.

13. Утреден Мојсеј седна да му дели правда на народот. Народот стоеше околу него од утрото до мракот.

14. Откако го виде Мојсеевиот дедо целиот труд што тој го правеше за народот, му рече: „Што правиш тоа со народот? И зошто седиш сам, а целиот народ стои околу тебе од утро до мрак?”

15. „Народот доаѓа при мене - му одговори Мојсеј - за да се посоветува со Бога.

16. Кога имаат препирка меѓу себе, доаѓаат кај мене. Јас тогаш пресудувам меѓу едниот и другиот; им ги изложувам Божјите закони и одредби.”

17. „Не е добро како што работиш - му одговори дедото на Мојсеја.

18. И ти и тој народ со тебе ќе се исцрпите целосно. Таа работа е претешка за тебе; сам не можеш да ја вршиш.

19. Послушај ме. Ќе те советувам, и Бог ќе биде со тебе! Ти застапувај го народот пред Бога; изнесувај ги нивните спорови пред Бога.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 18