Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 18:13-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Утреден Мојсеј седна да му дели правда на народот. Народот стоеше околу него од утрото до мракот.

14. Откако го виде Мојсеевиот дедо целиот труд што тој го правеше за народот, му рече: „Што правиш тоа со народот? И зошто седиш сам, а целиот народ стои околу тебе од утро до мрак?”

15. „Народот доаѓа при мене - му одговори Мојсеј - за да се посоветува со Бога.

16. Кога имаат препирка меѓу себе, доаѓаат кај мене. Јас тогаш пресудувам меѓу едниот и другиот; им ги изложувам Божјите закони и одредби.”

17. „Не е добро како што работиш - му одговори дедото на Мојсеја.

18. И ти и тој народ со тебе ќе се исцрпите целосно. Таа работа е претешка за тебе; сам не можеш да ја вршиш.

19. Послушај ме. Ќе те советувам, и Бог ќе биде со тебе! Ти застапувај го народот пред Бога; изнесувај ги нивните спорови пред Бога.

20. Поучувај ги за законите и одредбите; покажувај им го патот по кој треба да одат, упатувај ги во дела што треба да ги вршат.

21. Тогаш, избери од целиот народ способни луѓе, кои се бојат од Бога, и праведни, кои го мразат поткупот, па постави ги за главатари на народот: илјадници, стотници, педесетници и десетници.

22. Нека му судат на народот во секое време. Сите поголеми случаи нека ги изнесуваат пред тебе, а за помалите нека пресудуваат сами. Олесни си го бремето: нека го носат тие со тебе.

23. Ако направиш така и Бог ти го одобри тоа, ќе можеш да издржиш, и сиот овој народ ќе си оди дома во мир.”

24. Мојсеј го послуша советот на својот дедо и направи како што го посоветува.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 18