Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 18:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А Јотор, мадијамски свешетеник, Мојсеев дедо, чу сè што направи Бог за Мојсеја и за целата израелска заедница, и како Господ ги избави Израелците од Египет.

2. Тогаш Мојсеевиот дедо, Јотор, ја поведе Сепфора, Мојсеевата жена - која Мојсеј ја беше вратил назад -

3. и обата нејзини синови. На едниот името му беше Гирсам, а тоа ќе рече: „Бев придојденец во туѓа земја.”

4. Вториот се викаше Елиезер, односно: „Бог на мојот татко ми беше на помош и ме спаси од фараоновиот меч.”

5. Така Мојсеевиот дедо, Јотор, ги поведе кон Мојсеја во пустината, каде Мојсеј се влогори на Божјата Гора, неговите синови и неговата жена.

6. Му порача на Мојсеја: „Јас, твојот дедо Јотор, доаѓам при тебе со твојата жена и со двата нејзини синови.”

7. Мојсеј му излезе во пресрет на својот дедо; му се поклони длабоко и го прегрна. Откако се распрашаа за здравјето, влегоа во шаторот.

8. Тогаш Мојсеј му раскажа на својот дедо за сè што Господ му стори на фараонот и на Египетците заради Израелците; за сите незгоди што ги снајдоа патем, ама Господ ги избави од нив.

9. Јотор се радуваше за сето добро што Господ им го направи на Израелците и дека ги ослободи од египетските раце.

10. „Нека е благословен Господ, Кој ве избави од египетските раце и од фараоновите раце - рече Јотор.

11. Сега знам дека Господ е изнад сите богови, зошто го избави народот од под египетската власт, кога постапуваа жестоко со него.”

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 18