Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 17:5-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. „Истапи пред народот! - му рече Господ на Мојсеја. Земи со себе неколку израелски старешини; земи го во раката стапот, со кој ја удри Реката, и тргни.

6. А Јас ќе стојам пред тебе таму, на карпата во Хорив. Удри по карпата: од неа ќе потече вода, па нека се напие народот.” Мојсеј направи така пред очите на израелските старешини.

7. Местото го нарекоа Маса и Мерива, заради тоа што Израелците се препираа и Го искушуваа Господа, зборувајќи: „Дали е Господ меѓу нас или не е?”

8. Тогаш дојдоа Амаликците и завојуваа со Израелците кај Рафидин.

9. А Мојсеј му рече на Исуса: „Одбери момчиња па тргни и зафати борба со Амаликците. Јас ќе застанам утре на врвот на ридот со Божјиот стап во раката.”

10. Исус направи како што му рече Мојсеј и стапи во борба со Амаликците, а Мојсеј, Арон и Ор се искачија на врвот на брдото.

11. И додека Мојсеј ги држеше рацете издигнати, Израелците победуваа; а кога ќе ги спуштеше рацете, победуваа Амаликците.

12. Но најзад рацете му стежнаа на Мојсеја. Затоа зедоа камен, го ставија под него, и тој седна, додека Арон и Ор, еден од едната, а другиот од другата страна, му ги држеа рацете до зајдисонце.

13. И Исус ги совлада, со острицата на мечот, Амалика и неговиот народ.

14. Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Запиши го ова во книгата за спомен, и врежи во Исусовите уши дека Јас ќе го избришам сосем споменот на Амаликците под небото!”

15. Потоа Мојсеј издигна жртвеник и го нарече: „Господ Ми е Знаме!”

16. Зашто рече: „Господовото знаме во раката! Господ ќе војува против Амаликците од поколение до поколение!”

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 17