Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 17:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Целата израелска заедница, по Господова заповед, тргна натаму од пустината Син. Се влогорија кај Рафидим. Таму немаше вода да пие народот.

2. Затоа народот почна да се препира со Мојсеја. Викаа: „Дај ни вода да пиеме!” А Мојсеј им одговори: „Зошто се препирате со мене? Зошто Го искушувате Господа?”

3. Ама народот ожедне за вода, па ропташе против Мојсеја и говореше: „Зошто нè изведе од Египет? Зар да не помориш со жед, нас, нашите деца и нашиот добиток?”

4. „Што да правам со овој народ! - извика Мојсеј кон Господа. Уште малку па ќе ме каменуваат.”

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 17