Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 15:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Мојсеј, со Израелците, ја запеа оваа песна во слава на Господа: „Ќе запеам во чест на Господа, зашто се прослави, коњот и коњаникот Тој ги фрли во морето.

2. Моја сила, моја песна е Господ, зашто стана мој Избавител. Тој е мој Бог, јас ќе Го славам Него, Тој е Бог на мојот татко, Него ќе го возвеличувам.

3. Господ е храбар војник, Неговото име е Господ Бог.

4. Ја фрли во морето фараоновата кола и неговата војска; цветот на неговите штитоносци Црвеното Море го голтна.

5. Брановите ги прекрија; како камен потонаа во морските длабочини.

6. Твојата десница, Господи, се прослави со сила; Твојата десница, Господи, го распарчи непријателот.

7. Со Своето величество Ти ги оборуваш враговите; го пушташ Својот гнев и тој ги голтнува како слама.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 15