Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 13:5-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Затоа: кога Господ ќе те воведе во земјата на Ханаанците, Хетејците, Аморејците, Евејците и Евусејците, за која се заколна на твоите предци дека ќе ти ја даде - земја каде течат мед и млеко - во овој месец изврши ваков обред:

6. шест дена јади бесквасен леб, а на седмиот ден нека се прославува празник во чест на Господа.

7. Седум дена нека се јаде бесквасен леб; леб со квас нека нема кај тебе; и нека никаде не се види квас во твоето подрачје.

8. На тој ден објасни му на твојот син: ‘Ова е поради тоа што Господ ми стори кога се спасив од Египет.’

9. Нека ти биде како знак на твојата рака и како опомена на твоето чело: за да биде Господовиот закон во твојата уста. Зашто Господ те избави од Египет со силна рака.

10. Вршете го овој пропис секоја година во одредено време.”

11. „А кога Господ те доведе во земјата на Ханаанците - како што ви се заколна, тебе и на твоите татковци - и кога ќе ти ја предаде,

12. отстапувајте Му ги на Господа првороденците на мајчината утроба, а така и сите првородени што ги дава твојот добиток - секое машко Му припаѓа на Господа!

13. Секое првородено на ослињата откупи го со јагне или јаре. Ако не го откупиш, свиткај му го вратот. А секој првороденец меѓу своите деца откупи го.

14. Кога твојот син ќе те праша утре: ‘Што значи тоа?’ - одговори му: ‘Господ нè изведе со силна рака од Египет, од куќата на ропството.

15. Бидејќи фараонот стана закоравен па не сакаше да нè пушти, Господ ги погуби сите првороденци во Египетската Земја: првороденците на луѓето и првороденците на добитокот. Ете затоа на Господа му ја жртвувам секоја првина на мајчината утроба, а го откупувам секој првороденец од своите синови.’

16. Нека ти биде тоа како белег на твојата рака и како знак среде челото дека Господ нè избави со силна рака од Египет.”

17. Кога фараонот дозволи да замине народот, Бог не ги поведе кон Филистејската Земја, иако оттаму беше најблизу. Имено, Бог рече: „Може народот да се премисли и да се врати во Египет кога ќе види војување.”

18. Затоа Бог го поведе народот по заобиколувачки пат, низ пустината кон Црвеното Море. Израелците ја напуштија Египетската Земја вооружени.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 13