Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 13:14-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Кога твојот син ќе те праша утре: ‘Што значи тоа?’ - одговори му: ‘Господ нè изведе со силна рака од Египет, од куќата на ропството.

15. Бидејќи фараонот стана закоравен па не сакаше да нè пушти, Господ ги погуби сите првороденци во Египетската Земја: првороденците на луѓето и првороденците на добитокот. Ете затоа на Господа му ја жртвувам секоја првина на мајчината утроба, а го откупувам секој првороденец од своите синови.’

16. Нека ти биде тоа како белег на твојата рака и како знак среде челото дека Господ нè избави со силна рака од Египет.”

17. Кога фараонот дозволи да замине народот, Бог не ги поведе кон Филистејската Земја, иако оттаму беше најблизу. Имено, Бог рече: „Може народот да се премисли и да се врати во Египет кога ќе види војување.”

18. Затоа Бог го поведе народот по заобиколувачки пат, низ пустината кон Црвеното Море. Израелците ја напуштија Египетската Земја вооружени.

19. Мојсеј ги зеде со себеси Јосифовите коски. Зашто Јосиф ги заколна Израелците со зборовите: „Бог бездруго ќе се застапи за вас. Тогаш земете ги со себе оттука!”

20. Тргнувајќи од Сокхот се настанија во Етам, на крајот на пустината.

21. Господ одеше пред нив, дење во столб од облак, за да им го покажува патот, а ноќе во столб од оган, за да им свети. Така можеа да патуваат и дење и ноќе.

22. И не исчезнуваше од пред народот столбот од облак дење, ни огнениот столб ноќе.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 13