Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 13:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ му рече на Мојсеја:

2. „Посветете ми го Мене секој првороденец! Мене ми припаѓаат првенците на мајчината утроба кај Израелците и од луѓето и од животните!”

3. А тогаш Мојсеј му рече на народот: „Помнете го овој ден, во кој сте избавени од Египет, од куќата на ропството, зашто Господ ве избави оттаму со својата силна рака. Стасан леб нека не се јаде!

4. На овој ден во месецот Авив е вашето избавување.

5. Затоа: кога Господ ќе те воведе во земјата на Ханаанците, Хетејците, Аморејците, Евејците и Евусејците, за која се заколна на твоите предци дека ќе ти ја даде - земја каде течат мед и млеко - во овој месец изврши ваков обред:

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 13