Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 12:38-51 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

38. А многу и друг свет тргна со нив, и многу добиток, крупен и ситен.

39. Испекоа пресни погачи од тестото што го зедоа со себе од Египет: не беше уште стасано. А бидејќи беа терани од Египет, не можеа да одложуваат, и така не си приготвија за себе попатна храна.

40. Времето што Израелците го поминаа во Египет беше четири стотини и триесет години.

41. И кога се наполнија четири стотини и триесет години - точно во тој ден - сите Господови чети излегоа од Египетската Земја.

42. Онаа ноќ што Господ ја бдееше за да ги избави нив од Египет, оттогаш за сите Израелци, во сите нивни поколенија, е ноќ на бдеење во чест на Господа.

43. Господ им рече на Мојсеја и Арона: „Нека е ова правило за пасхалната жртва: Ниеден странец не смее да јаде од неа!

44. Секој роб, купен за пари и обрезан, може да ја јаде!

45. Никој придојденец или наемник да не јаде од неа!

46. Јадете ја во една иста куќа; не смеете да изнесувате месо од куќата, ниту смеете да и скршите коска на жртвата.

47. Целата заедница на Израелците да ја пази!

48. Ако странец, кој престојува меѓу вас, сака да ја празнува Пасхата во чест на Господа, сите негови машки треба да се обрежат. Тогаш му е дозволено да ја слави, зашто е тогаш како и домородецот на земјата. Но необрезаните не смеат да јадат од неа.

49. Нека важи исто правило и за домородецот и за придојденикот, кој престојува меѓу вас.”

50. Сите Израелци послушаа: како што Господ им нареди на Мојсеја и Арона, така и направија.

51. Во тој ист ден Господ ги избави Израелците, во нивните чети, од Египетската Земја.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 12