Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 11:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Со уште една несреќа ќе ги удрам фараонот и Египет - му рече Господ на Мојсеја. Потоа ќе ве пушти оттука. И повеќе: самиот ќе ве истера оттука.

2. Кажи му на народот нека секој човек побара од својот сосед и секоја жена од својата сосетка сребрени и златни скапоцености.”

3. Господ направи па Египетците му беа наклонети на народот. Самиот Мојсеј стана почитуван во Египетската Земја, во очите на фараоновите службеници и во очите на народот.

4. А тогаш Мојсеј навести: „Господ порачува вака: ‘Ќе поминам низ Египет на полноќ.

5. Секој првороденец во Египетската Земја ќе умре, од фараоновиот првороденец, кој би требало да седи на неговиот престол, до првороденецот на робинката, која се наоѓа покрај мелничкиот камен; а ќе загинат и сите првородени на добитокот.

6. Во целата Египетска Земја ќе настане голем писок, каков не бил ниту ќе биде после.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 11