Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 9:8-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. А тие му одговорија на Исуса: „Твои слуги сме!” Исус ги праша: „Кои сте и од каде доаѓате?”

9. Одговорија: „Далеку е земјата од која доаѓаат твоите слуги во името на Господа, твојот Бог: чувме за Неговата слава и за сè што му стори на Египет,

10. и за она што им направи на двајцата аморејски цареви, кои владееја од онаа страна на Јордан - на Сион, цар есевонски, и на Ог, цар васански во Астарот.

11. Тогаш нашите старешини, на сите во нашата земја, ни рекоа: ‘Снабдете се со храна за пат, тргнете им во пресрет и речете им: „Ваши слуги сме, и така склучите сојуз со нас.”‘

12. Еве го нашиот леб: топол го зедовме за по пат од своите куќи кога тргнавме кон вас, а еве, сега е сув и мувлосан.

13. А ова се вински мевови: ги налеавме нови, па еве, веќе се искинати; и нашите облеки и нашите обувки веќе се остарени од далечниот пат.”

14. И луѓето им поверуваа по снабденоста за пат, не прашувајќи го Господа што ќе им рече.

15. Исус склучи мир со нив, и склучи сојуз со нив дека ќе ги поштеди. И главатарите се заколнаа на тоа.

Прочитајте целосна глава Исус Навин 9