3. А жителите на Гаваон, поучени од она што Исус му направи на Ерихон и Гај,
4. се присетија на итрина. Почнаа да се преправаат дека се патници: фрлија стари вреќи и вински мевови, искинати и закрпени на своите ослиња,
5. Обуја на нозете употребувани и закрпени обувки и облекоа на себе стара облека. Сиот леб што го носеа со себе беше сув и мувлосан.
6. Стигнаа кај Исуса во галгалскиот логор и им рекоа: нему и на луѓето Израелци: „Доаѓаме од далечна земја, склучите сојуз со нас.”
7. Но луѓето Израелци им рекоа на тие Евејци: „Кој знае дали не живеете можеби меѓу нас? И така, како ќе склучиме сојуз со вас?”
8. А тие му одговорија на Исуса: „Твои слуги сме!” Исус ги праша: „Кои сте и од каде доаѓате?”
9. Одговорија: „Далеку е земјата од која доаѓаат твоите слуги во името на Господа, твојот Бог: чувме за Неговата слава и за сè што му стори на Египет,
10. и за она што им направи на двајцата аморејски цареви, кои владееја од онаа страна на Јордан - на Сион, цар есевонски, и на Ог, цар васански во Астарот.