Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 7:15-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. И кој ќе се најде тогаш со проколнатата работа, нека биде изгорен тој и сè што му припаѓа, зашто го прекрши Господовиот Завет и го засрами Израел.’”

16. Подрани Исус наутро и го повика Израел по племиња; пристапија, и беше откриено Јудиното племе.

17. Потоа пристапија род по род од Јудиното племе, и се најде Зарииниот род. Пристапија семејствата на Зарииниот род, домаќин еден по друг, и го пронајдоа Завдиевото семејство.

18. Најпосле Исус нареди да пристапи Завдиевото семејство, мажите еден по еден, и беше најден Ахан, син на Хармиј, син Завдиев, син Зарин, од Јудиното племе.

19. Тогаш Исус му рече на Ахан: „Сине мој, воздај Му слава на Господа, Израелевиот Бог, и признај Му што си направил; објасни што си сторил и немој ништо да криеш.”

20. Ахан му рече на Исуса: „Навистина, јас Му згрешив на Господа, Израелевиот Бог, и еве што направив:

21. видов во пленот убава вавилонска наметка, две стотини сикли сребро и златна плоча што тежи педесет сикли, па се полакомив и ги зедов за себе. Ене сè е закопано среде мојот шатор, а среброто е одоздола.”

22. Тогаш Исус испрати пратеници, кои отрчаа во шаторот. И ете, сè беше закопано во шаторот, а среброто одоздола.

23. Зедоа сè од шаторот и им го донесоа на Исуса и на Израелевите старешини и го положија пред Господа.

24. Тогаш Исус ги зеде Ахана синот Зариин, и среброто, наметката и златната плоча, и сите негови синови и ќерки, неговите волови и ослиња, и овците, неговиот шатор и сè што беше негово, па го изведе во долината Ахор. Сиот Израел ги следеше.

25. Рече Исус: „Како што нè направи несреќни, така Господ да те направи тебе несреќен денес! „ И сиот Израел го каменува.

26. Потоа навалија врз него куп камења, што стојат до денес. Така Господ се ублажи од Својот жесток гнев. Заради тој настан она место се нарече долина Ахор, и така се вика до денес.

Прочитајте целосна глава Исус Навин 7